Пјаниќ кој играше и со Роналдо и со Меси, прави споредба меѓу двајцата најдобри фудбалери

by
1 минути читање

Вечерва во меч од Лигата на шампионите, Барселона го пречекува Јувентус, тоа ќе биде дуел меѓу Лео Меси и Кристијано Роналдо, прв откако Португалецот си замина од Реал Мадрид.

„Можам да зборувам само добро за Роналдо, како човек и пред се како спортист“, вели Пјаниќ за Мундо Депортиво.

„Тој е многу подготвен и внимава на сите детали“.

„Меси е вонземски. Секогаш кога сум играл против него, бил многу тежок за чување, речиси е невозможно да го сопреш и сега играм од негова и гледам дека е феномен“.

„Секогаш кога ја има топката се случува нешто. Дали гол или асистенција, или некое неверојатно додавање. Тој е генијалец“.

Пјаниќ вели дека недоразбирањата со раководството на Барса се зад Меси и тој сега е комплетно фокусиран на играта.

„Кога дојдов, видов дека имаше проблеми и Меси не беше добар. Но сега го гледам многу мотивиран и фокусиран на неговата работа“.

„До нас е да му помогнеме и да направиме да игра уште подобро. Кога имате играч како Лео во вашиот тим, треба да ја искористите таа предност и да се обидете да победувате секогаш“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×