Лукаку се пронајде во Интер, игра одлично и е во својата најдобра форма можеби. Напаѓачот не е баш скромен, сам си се пофали во интервју за „Франс фудбал“.
„Јас сум еден од најдобрите пет напаѓачи во светот. Не можам да направам ништо погрешно од тактичка гледна точка и од движењата“, вели Лукаку.
„Доколку Кристијано Роналдо, Меси и Левандовски го достигнаа својот лимит, зошто јас да не можам?“.
Лукаку проговори за споредбите со бразилскиот Роналдо кој исто така играше за Интер.
„Тој постигнал повеќе од 100 голови за националниот тим, рано е да се споредуваме. Тука во Милано сите ми зборуваат 34те гола на Роналдо во неговата прва сезона“.
„Драго ми е што го направив и јас тоа. Но тој го освои УЕФА Купот, јас загубив финале. Сега работам на освојување на трофеи“.