Малдини: Милан сонува за Скудетото

by
1 минути читање

Техничкиот
директор на италијанскиот прволигаш Милан, како и поранешен фудбалер на таа
екипа, Паоло Малдини тврди дека тимот од Милано нема намера да отстапи од
намерата да се избори за Скудетото оваа сезона.

По десет одиграни
кола во Серија А, Милан е на првото место со досега освоени 26 бода, а дека
Росонерите се импресивни доволно говори и фактот што имаат осум победи и две
ремија, односно се непоразени, а веќе изборија место во нокаут фазата од Лига
Европа сезонава.

Милан сонува за
Скудетото, нема да престане тоа да го прави, нема да се откажеме од таа намера
да дојдеме до титулата
“ вели Малдини.

Секогаш барам од
фудбалерите да го даваат максимумот од себе, резултатите сезонава сами по себе
говорат дека сме успешни, а да бидам искрен, не очекував ваква низа во
првенството, меѓутоа, видов некои знаци кои навестуваа такво нешто уште во
јануари
“ додава тој.

Не бараме да се
подобри делот во однос на статистиката, само бараме успеси
“ заклучи поранешниот
легендарен фудбалер на Росонерите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×