Реал Мадрид лани
конечно го доби тоа што долго го посакуваше, го ангажираше Еден Азар кој од
Челси направи трансфер во редовите на Кралевите вреден близу 160 милиони евра,
меѓутоа, Белгиецот во целост потфрли во однос на очекувањата, а го наследија и
бројни повреди кои дополнително ја отежнаа очајната ситуација.
Шпанскиот весник
„АС“ објави фасцинантна бројка, односно сума пресметано за тоа колку го чини
Реал Мадрид својот офанзивец по трансферот од пред 18 месеци, откако 29
годишниот Белгиец запиша само 26 настапи за шпанскиот гигант, постигнувајќи
само три погодоци.
Пресметано
математички, Азар го чини Реал Мадрид неверојатни 70 илјади евра по минута, а
сигурно дека во клубот од „Сантијаго Бернабеу“ имаат за што да жалат по
очајниот потег со Азар, и повеќе од веројатно најмногу од финансиска гледна
точка.
Инаку Белгиецот и
во моментов е повреден, а отсуствуваше на 41 натпревар во текот на неговиот
досегашен престој во Реал Мадрид, а како за споредба од неговиот престој во
Челси, во седумте години минати во дресот на Премиерлигашот поради повреда
пропушти само 20 натпревари.