Првиот човек на
германското фудбалско првенство, Кристијан Сајферт наведе дека во претходната
сезона 2019/20 е забележан пад од шест одсто гледано од финансиски план,
односно 250 милиони евра поради пандемијата предизвикана од коронавирусот.
Не се ветувачки
ниту проекциите за актуелната сезона, за што Сајферт тврди дека Бундеслигата
особено ќе биде погодена поради фактот што нема навивачи на трибините.
„Оваа сезона
поради тоа што нема навивачи на трибините ќе загубиме околу 650 милиони евра, споредено со сезоната 2018/19“
вели Сајферт кој јасно потенцираше дека и дополнителни 250 милиони евра се
загубени поради слабата активност на трансфер пазарот, а приходите се намалени
и од самите спонзори.
„Ќе загубиме
вкупно една милијарда евра, односно 20 одсто“ додаде тој.