Манчестер
јунајтед славеше со убедливи 5-0 над Лајпциг во второто коло од Лигата на
шампионите, а сега сигурно дека постои стравување кај Црвените ѓаволи за
гостувањето кај германскиот прволигаш кој во оваа конкуренција на свој терен го
совлада ПСЖ.
Ситуацијата на
табелата во оваа група налага Манчестер јунајтед да биде мошне претпазлив за
гостувањето во Германија, и покрај фактот што составот на Оле Гунар Солшер игра
особено добро на гостувањата, меѓутоа во последниот меч од групата влегуваат со
израмнети бодови на табелата со ПСЖ и Лајпциг, што сигурно отвора дилеми.
Предводникот на
тимот од „Олд трафорд“, Оле Гунар Солшер смета дека ваквиот расплет на
настаните бил традиција на клубот, дури од времето кога тој бил дел од тимот,
меѓутоа тврди дека откако ги дознаа противниците во оваа конкуренција им било
јасно дека нема да изборат место во нокаут фазата порано од последното коло.
„Ова е традиција
за Манчестер јунајтед, ние никогаш не си правиме да ни биде полесно, низ
историјата се потврдило дека секогаш се’ се сведува во последниот меч“ изјави Норвежанецот.
„Едноставно тоа е
начинот на кој ние ги сработуваме нашите цели, така е од времето кога јас играв
за овој клуб, кога ја видовме оваа група не очекувавме дека ќе прогресираме во
наредната фаза пред последниот меч“ додаде Солшер алудирајќи на тоа дека
ваквото сценарио е сосема очекувано.