„Озил ќе ни се приклучи идниот месец, тоа е 90% сигурно“

by
1 минути читање

Месут Озил и
Арсенал веќе завршија, а тоа е повеќе од јасно, па така веќе подолг период се
шпекулира околу тоа што би се случило во однос на иднината на поранешниот
германски репрезентативец.

Се чини дека
Фенербахче би можел да биде идниот клуб на 32 годишниот плејмејкер, а дека е
можно такво сценарио тврди член на тој клуб, Мурат Зорлу, кој е дел од управата
на клубот.

Извор, кој е
мошне добро поврзан со клубот ме извести дека Месут Озил речиси сигурно ќе
стане фудбалер на Фенербахче во следниот преоден рок
“ вели Зорлу за „Спорт
дигитале“.

Во овој момент
би рекол дека 90% е сигурно дека тој ќе ни се приклучи идниот месец
“ додаде
Зорлу.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×