Бонучи е свесен дека утре во центарот на вниманието ќе биде дуелот меѓу Меси и Роналдо, двајцата најдобри фудбалери кои постојано рушат некои рекорди.
„Задоволство е да се биде на овој лист од историјата на фудбалот, два голема тима ќе се сретнат и во своите тимови ги имаат двајцата најдобри фудбалери во историјата“, вели Бонучи.
„Тоа ќе биде одличен меч, очите ќе бидат вперени во овие двајца вонземјани кои се натпреваруваат и за индивиудалните награди“.
„Со тимска игра во дефанзивната фаза ние можеме да го сопреме Меси, да ги неутрализираме неговите квалитети и да му овозможиме да на нашиот вонземјанин да се истакне“.
„Роналдо откако е дојден тука е пример за сите, секој се труди да украде барем малку нешто од него за да се подобри“.