30-годишниот Пјаниќ изминатото лето од Јувентус се пресели во Барселона, беше возбуден поради трансферот, но откако помина некое време го промени мислењето.
„Искрено, не ја разбирам оваа ситуација. Сакам да играм повеќе и знам дека можам да дадам повеќе“, им се пожали Пјаниќ на италијанските медиуми.
„Кога тренерот и да ме повикал, секогаш сум бил подготвен. Играм добро кога ќе добијам шанса. Не знам што треба да направам. Тренирам, подготвен сум“.
„Не сум задоволен и не можам да бидам задоволен. Во текот на мојата кариера никогаш не сум прифаќал да не играм и нема да прифатам ни сега. Ќе видиме што ќе се случи, јас сум подготвен, тренирам добро и чекам, не можам да правам ништо повеќе од тоа. Ситуацијата е деликатна и не ми одговара“.
„Моите девет години поминати во Италија беа многу убави. Искрено му недостасува. Сега го имам овој нов предизвик во најголемиот клуб на светот кој сакав да го пробам“.
Утре Пјаниќ игра против Јувентус во меч од Лигата на шампионите.
„Јувентус ми остана во срцето, кога и да можам ги следам. Можеби реми ќе биде најдобар резултат. Криво ми е што не можев да играм пред фановите во Торино, но ќе има други шанси. Му посакувам се најдобро на Јувентус, но утре ние сакаме да победиме“.