857
ПСЖ за Хесе плати 25 милиони евра, тоа е за четири милиони повеќе отколку што платија за да го купат Ибрахимовиќ.
Поранешниот играч на Реал Мадрид, заработуваше по пет милиони евра годишно во францускиот клуб, но потплно потфрли.
Во изминатите четири години беше праќан на позајмица во Лас Палмас, Стоук, Бетис и Спортинг Лисабон, но и таму не се изнаигра.
За ПСЖ имаше само девет настапи во Лига 1, од кои само еднаш како стартер.
ПСЖ синоќа објави дека го раскинува договорот на Хесе со взаемна согласност.
Престижниот француски спортски портал РМЦ Спорт, го опиша Хесе како најлошото засилување во историјата на ПСЖ.