Роналдо утре ќе се обиде да го постигне својот прв гол против Меси во Лигата на шампионите

by
1 минути читање

Роналдо дојде до бројката од 750 голови во кариерата, тој е и најдобриот стрелец во историјата на Лигата на шампионите, но никогаш не постигнал гол против Меси во најелитното натпреварување, за разлика од него Аргентинецот дал три гола од пет меча против Роналдо во ЛШ.

Утре ќе има нова средба меѓу Меси и Роналдо во Лигата на шампионите, со тоа Португалецот ќе добие нова можност за постигнување на гол.

Ова ќе биде и прв дуел меѓу Роналдо и Меси откако Кристијано си замина од Реал Мадрид и се пресели во Јувентус во 2018 година.

Јувентус и Барселона играа и во октомври, но тогаш Роналдо не настапи поради тоа што беше позитивен на ковид-19.

Роналдо и Меси играле 33 натпревари меѓу себе во сите натпреварувања. Аргентинецот победил на 15 од нив и постигнал 21 гол, Роналдо постигнал 18 голови и ипбедил на девет.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×