185
Македонија од четвртиот шешир ќе биде влечена на денешната ждрепка за квалификациите за СП 2022. Во нашиот шешир се и селекциите на БиХ, Словениија, Црна Гора, Албанија, Бугарија, Израел, Белорусија, Грузија и Луксембург, што значи дека ниту една од овие репрезентации не може да ни се падне.
Квалификациите ќе почнат во март следната година и ќе траат до ноември. Директен пласман на Светското првенство ќе обезбедат десетте победници во групите, додека второпласираните заедно со уште две селекции од Лигата на нации ќе играат баражи кои ќе дадат уште три патници од Европа на Мундијалот.
