По долго време во Англија се врати публиката на стадионите, но во многу ограничен број. Синоќа на Енфилд имаше 2.000 навивачи на дуелот меѓу Ливерпул и Вулвс.
Иако бројката на фанови е мала, Клоп вели дека се наежиле кога излегле на теренот и ја виделе публиката на стадион после толку време играње на празни трибини.
„Беше перфектно. Пред десет месеци некој да му речеше дека ќе играме дома и на стадионот ќе има само 2.000 навивачи…“, вели Клоп.
„Вечерва беше многу убаво. Кога излеговме на загревање и ги видовме навивачите се наеживме, беше како „О Боже“.
„Им реков на момците на состанокот пред мечот, не знам какво ќе биде чуството, но ако е добро треба да го искористиме, ако е лошо треба да го игнорираме. Видовте како заврши мечот“.
„Беше подобро отолку што очекував, многу подобро. Луѓето кои беа на трбините беа гласни, правеа врева, стоеа на прсти, можевте да видите и да помирисате колку долго чекале за овој момент. Сите тие беа тука да го поддржат својот тим“.
„Тоа што толку време игравме без публика, овој момент го правии поубав. Без навивачи фудбалот не е ист“.