Милан победата ја извојува без своите најискусни играчи Ибрахимови и Кјаер кои важат за лидери на теренот, тоа посебно го возбуди Пиоли.
„Им кажав на моите момци дека се вистински тим. Оваа група вади најмногу од секоја ситуација, дури и од најнегативните, со цел да докажат дека навистина можат“, вели Пиоли.
„Пред се ни недостасуваа Ибра, Кјаер и Бенасер кои се лидери на овој тим, но играчите кои настапија го искористија тоа за да докажат дека можат да го носат овој тим по победничките патеки. Тоа значи дека имаме ентузијазам и енергија да се соочиме со секој предизвик“.
Стартниот тим на Милан на мечот со Сампдорија имаше просек од 22 години и 10 месеци.
„Изненаден сум колку се созреани овие фудбалери, иако веројатно ова ни беше најмладиот состав со кои сме настапиле оваа сезона. Тие никогаш не дозволуваат лошиот резултат да ги повлече надолу или добриот резултат да ги крене во облаци, тоа навистина ме импресионира“.