Мурињо е полн со пофалби за Хојбјерг, вели дека тој еден ден ќе стане тренер и објасни зошто

by
1 минути читање

Пјер Емил Хојбјерг е незаменлив дел од тимот на Мурињо, во една прилика Португалецот рече дека тој е капитен без капитенска лента, така се однесува на теренот, а по мечот со Арсенал му даде уште пофалби.

Мурињо смета дека Хојбјерг еден ден ќе биде тренер бидејќи постојано го прашува зошто играат така или онака, сака да го знае секој аспект од тактиката.

„Пјер пред се е многу интелегентен. Многу добро ја чита играта, еден ден ќе биде тренер, сигурен сум во тоа. Ова го мислам дека постојано прашува зошто го прави ова, зошто го правиме она“, вели Мурињо.

„На теренот многу, многу добро ги чита ситуациите и играчите околу него се многу компактни и тие ја читаат играта“.

„Физички е многу, многу силен и технички е многу подобар отколку што луѓето мислат. Бидејќи понекогаш луѓето мислат дека некој кој е добар технички e тој кој знае да игра и со пета, дека мора да прави чуда. Но тоа не се мои зборови, тоа се зборови на тренерите пред 30,40 години. Според мене едноставноста во играта е тоа што е генијално, и тоа го прави тој“.

„Хојбјерг е толку едноставен во се што прави со топката. Тој е феноменален фудбалер“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×