Вест Бромвич Албион запиша уште еден пораз и тоа на домашен терен од Кристал Палас со пет гола во својата мрежа.
Гостите поведоа со автогол на Фурлонг во осмата минута, ВБА успеа да се врати преку Галагер во 30. минута.
Клучниот момент се случи четири минути подоцна кога Переира заработи директен црвен картон откако лежејќи со копачка во стомакот го удри Ван Анхолт.
ВБА издржа до крајот на првото полувреме, но во вториот дел прими дури четири. По двапати погодија Заха и Бентеке за победа од 5-1.
Од 11 натпревари ВБА има освоено само шест бода и се наоѓа на претпоследното место на табелата, јасно е дека столчето на Славен Билиќ силно се тресе и нема да биде чудно доколку наскоро добие отказ.