Дерби на Северен Лондон, Тотнем и Арсенал во спротиивна форма влегуваат во мечот, но ова е повеќе од обичен натпревар

by
2 минути читање

Тотнем под водство на Жозе Мурињо има фантастичен старт на сезоната, две недели беше на првото место, а таму може да врзе и трета доколку денеска го победи Арсенал.

За разлика од нив, нивниот сосед Арсенал го има најлошиот старт на сезоната во последните децении, доаѓањето на Артета ветуваше подобри денови, особено по освојувањето на ФА Купот, но во моментов формата е очајна.

Арсенал се наоѓа дури на 14. позиција на табелата со дури осум бодови помалку од Тотнем и со негативна гол разлика од 10 дадени и 12 примени голови.

Проблемите на Арсенал постојано се таложат, Артета има неколку играчи отстрането од тимот, а меѓу нив главната ѕвезда е Месут Озил. За денешниот меч нема да може да смета ниту на Пепе кој заработи црвен картон откако на дуелот со Лидс го удри со глава Алиоски. Уште е неизвесно дали денеска во составот ќе бидат Томас Парти и Давид Луиз кои беа повредени.

Ситуацијата во Тотнем е поинаква, Мурињо може да смета речиси на сите фудбалери, Алдервирелд се врати од повредата, сигурен дека нема да игра единствено е Ламела кој веќе неколку недели е надвор од стројот. Лорис поради болест го пропушти мечот со ЛАСК, но се очекува да биде во составот за денешниот меч.

Гледајќи ја моменталната форма на двете екипи и што направија тие досега сезонава, Тотнем е фаворит, но ова е дерби на Северен Лондон и сите актери кои ќе излезат на теренот го знаат тоа. За навивачите ова дерби е поголемо од сите други.

А кога сме кај навивачите, Тотнем ќе има поддршка од 2.000 фанови кои ќе бидат распоредени на стадионот. По долго време навивачите во Англија се враќаат на трибините, но со посебни протоколи, во ограничен број и не во сите региони.

На последните два дерби меча, против Манчестер Сити и Челси, Жозе Мурињо одигра дефанзивно, контрите беа главното оружје на Тотнем и тоа се исплатеше. Се очекува и против Арсенал да биде слично, но во текот на мечот во зависност од резултатот Португалецот знае да го промени приодот, дека може да победува и офанзивно најдобро почувствува Манчестер јунајтед кој оваа сезона прими шест гола на Олд Трафорд од Тотнем.

Арсенал под водство на Артета се уште го гради својот идентитет. Еден од најголемите минуси засега е формата на Обамејанг кој откако го потпиша новиот договор е непрепознатлив. Топчиите се обидуваат да играат офанзивно, но постигнуваат малку голови, на многу од мечевите изгледаа немоќно и неорганизирано.

Овој меч може да биде и пресвртница за Артета, доколку Арсенал победи ќе вбризга позитивна енергија во тимот која може да биде почетна точка за подобри резултати, но ако го загуби и овој меч ќе биде чекор поблиску до отказ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×