Артета вели дека го изгледал документарецот за Тотнем на „Амазон“ и во него видел многу работи кои ќе му бидат корисни.
Двете екипи денеска во различна форма ќе влезат во мечот, но ова дерби е многу повеќе од моменталната форма, во него се може да се случи.
„Документарецот беше многу интересен. Убаво е кога ќе видите што се случува внатре во другите клубови, да видите други идеи, други тренери, други организации“, вели Артета.
„Сакам да го гледам тоа, го правам тоа и со другите спортови бидејќи има многу работи кои можете да ги земете, можете многу да научите од некој тренер како Мурињо кои бил во многу различни земји и во сите нив бил успешен, па да видите зошто е тоа така“.
„Има некои важни моменти во документарецот од каде може да извадите некои моменти и да заклучите зошто е тој толку успешен“.
Малкумина знаат дека Мурињо го тренирал Артета во Барселона Б, тогаш Португалецот ја почнуваше тренерската кариера, а Шпанецот фудбалската.
„Нормално сакам две работи. Најпрво, главниот тренер треба да создаде ниво на поврзаност меѓу играчите, клубот и фановите, и ново на верба дека идеите на тренерот се вистинските, така тие ќе му дадат поддршка. Во спротивно нема да траете долго“.
„Мурињо има нешто многу посебно, тоа е дека што и да сака да внесе во фудбалскиот клуб, успева во тоа и наоѓа начин играчите да го извршат она што тој го сака. И кој нема да го прави тоа, нема да биде дел од тоа. Кога зборувам за немилосрдност, не мислам само на теренот, туку и за некои други одлуки кои треба да ги донесе“.
„И второто е како се справувате со тешките моменти. Сите големи тренери имаат тешки моменти. Сум бил дел од стручен штаб со тешки моменти. Важна работа е како реагираш на тешките моменти и како клубот, фановите реагираат во тешките моменти“.