Барса само што се врати во игра направи аматерска грешка и му подари победа на Кадиз (ВИДЕО)

by
1 минути читање

„Каталонците“
загубија на уште едно гостување во Примера, вечерва останаа со празни раце кај
Кадиз и сега имаат 12 бода негатива во однос на лидерот Атлетико Мадрид.

Резултатот беше
отворен во 8. минута, дефанзивецот Мингеза лошо расчисти и практично си ја затресе
сопствената мрежа по еден корнер, но голот му е препишан на домашниот играч
Хименез, кој играше со топката на гол линија.

Барселона потоа
долго се обидуваше да се врати во игра и конечно го скрши отпорот во 57. минута
кога Алкала си ја затресе сопствената мрежа.

И наместо да следи
уште пожесток притисок, Ленгле и Тер Штеген реагираа аматерски, настана
недоразбирање по аутот кој го изведе Алба па Негредо донесе 2-1 и ново изненадување
откако претходно беше совладан и Реал Мадрид.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×