Оле Гунар Солшер одлучи Фернандеш да го стави на клупата за овој натпревар, и се чини дека погреши, но имаше време да го исправи тоа.
Во 38. минута Вест Хем со гол на Соучек поведе со 1-0, со трој резултат се замина и на полувремето.
Солшер не губеше дополнтелно време, од почетокот на вториот дел во игра ги стави Фернандеш и Рашфрод на местото од Ван де Бек и Кавани и тоа се покажа како клучен потег.
Играта на Јунајтед се раздвижи, а по додавање од Фернандеш, Погба во 65. минута со удар од далечина израмни на 1-1.
Само три минути подоцна, Гринвуд погоди за комплетен пресврт и водство на Манчестер јунајтед од 2-1, а во 78. минута Рашфорд ја завери победата од 3-1.
Со оваа победа Манчестер јунајтед се искачи на четвртото место на табелата во Премиерлигата.