148
Столчето на Зизу
се тресеше по поразот од Шахтар во Лигата на шампиони, одредни извори велеа дека
стратегот може да добие отказ доколку „кралевите“ загубат и на незгодното
гостување кај Севиља.
Французинот сепак
ќе ја преживее неделата, вечерва Реал Мадрид триумфираше со 0-1 на „Рамон
Санчез Писхуан“.
Клучниот момент
се случи по десетина минути игра во второто полувреме, Реал одигра одлично,
Менди нафрли остро на пет метри, Винисус прв стигна до топката и со помош на
голманот Боно ја затресе мрежата за голема радост.