385
Пеп Гвардиола се залага во Премиерлигата по примерот на другите лиги да се воведат пет замени, но денеска тој не искористи ниту една од трите кои ги имаше на располагање за дуелот против Фулам.
Кога се борите за воведување на пет замени а не користите ниту една од трите кои ги имате, вашата борба не изгледа искрено, но Пеп Гвардиола најдобро знае зошто на овој меч не внесе ниту еден играч од клупата.
Што се однесува до натпреварот, Манчестер Сити поведе со гол на Стерлинг уште во петтата минута, а во 26. минута Де Брујне од пенал зголеми на 2-0.