Лампард сака да остане долго на клупата на Челси, но би размислил доколку се појави опцијата селектор на Англија

by
1 минути читање

Шефот на
стручниот штаб на Челси, Франк Лампард се гледа на клупата на тимот од Лондон
на подолг рок, меѓутоа тој не крие дека би размислил доколку му се укаже шанса
да ја предводи селекцијата на Англија во иднина.

Времето лета,
имам уште 18 месеци од договорот со клубот, знаев дека ќе се соочам со доста
непредвидливи ситуации тука, почетокот навистина беше комплициран
“ вели 42
годишниот фудбалски стратег.

Се чувствувам
како среќен човек штом го водам овој клуб, кого го сакам сиот мој живот
“ додава
Лампард, а потоа се осврна и на можноста еден ден да го предводи „Гордиот
албион“.

Јас сум патриот,
си ја сакам својата земја, уживав играјќи за својата држава, но, во овие
моменти сум целосно фокусиран на Челси, го ценам тоа што ме споменуваат за една
таква опција, подоцна, тоа би било нешто за што јас навистина би размислил

подвлече Лампард.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×