176
Актуелниот договор на Тухел со ПСЖ завршува по крајот на оваа сезона, не се верува дека ќе му биде продолжен, напротив можно е и порано да заврши. Се ќе зависи од настапот во Лигата на шампионите.
Оле Гунар Солшер со многу осцилации го води Манчестер јунајтед, после серија добри резултати, често доаѓа пад на неколку натпревари и тоа постојано се повторува, а кога е така раководството знае дека тешко може да се остварат високите цели на клубот.
Солшер тешко дека ќе остане на клупата на Јунајтед и следната сезона, клубот бара решение за негов наследник, а еден од оние кои високо котираат на листата од желби е Томас Тухел.