Масимилијано
Алегри потврди дека би сакал да го искуси предизвикот наречен Премиерлигата,
откако изминатиов период се поврзуваше со клупата на Арсенал, каде под голем
притисок е Микел Артета поради очајните изданија на „Топчиите“.
„Би сакал да го
искусам предизвикот наречен Премиерлига“ рече Алегри за „Тајмс“.
„Во Италија, јас
бев на клупата на Милан четири години, пет во Јувентус, а сега очекувам
повторно да работам во Италија, но, комплицирано е, или во Англија“ додаде
италијанскиот фудбалски стратег.
„Според мене,
англискиот фудбалер се развива постојано, таму има многу странски тренери, а
токму од таа причина се развива тамошниот фудбал, постојат многу тактики на
натпреварите, за разлика од пред десет години кога сликата не беше таква,
Англија сега е многу пософистицирана, но истовремено и натаму се респектира
традицијата на Островскиот фудбал, што е одличен баланс“ заклучи Алегри.