Роналдо е МВП за месец ноември во Серија А

by
1 минути читање

Првата ѕвезда на
италијанскиот првак Јувентус, Кристијано Роналдо е МВП за месец ноември во
Серија А, откако веста доби потврда и на официјалниот сајт на италијанското
првенство.

Португалецот
одигра три меча минатиот месец на кои постигна пет погодоци, а неговата
ефективност во играта на „Старата дама“ беше неверојатна, со тоа што
признанието е сосема заслужено.

Инаку, Јувентус
не ја започна сезоната во Серија А на најдобар можен начин во походот на
одбраната на титулата во тоа првенство откако по девет кола се најде на
четвртото место со шест бода заостанување зад лидерот Милан.

Што се однесува
пак до Роналдо, тој по девет одиграни кола запиша осум погодоци, заостанува со
два гола зад лидерот во таа конкуренција, Златан Ибрахимовиќ од редовите на
Милан.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×