Румениге: Им љубоморевме на Шпанците за Ел Класико, но сега Дортмунд-Баерн е едно ниво над тоа дерби

by
1 минути читање

Извршниот директор
на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге смета дека големото дерби во Бундеслигата
помеѓу неговиот клуб и Борусија Дортмунд е едно ниво подобро во однос на
квалитетот на популарното шпанско Ел Класико, односно големото дерби помеѓу
Реал Мадрид и Барселона, тоа секако важи во овие моменти.

Ова полека но
сигурно станува Класикер
“ изјави Румениге за официјалниот сајт на Бундеслигата.

Ние сите помалку
им бевме љубоморни на Шпанците кога Реал Мадрид и Барселона играа дерби во
шпанското Ел Класико, но, сметам дека сега во моментов Борусија Дортмунд –
Баерн Минхен е Класикер самото по себе
“ додава тој.

Сметам дека
последниот меч каде беа постигнати пет гола говори сам по себе, можеа да паднат
и девет, тоа беше прекрасен меч за гледање, за момент помислив дека ги гледам
Реал Мадрид и Барселона, а не беше ниту приближно во поглед на квалитетот, сега
можеме слободно да кажеме дека верзијата во Бундеслигата е едноставно едно ниво
повисоко во овие моменти
“ заклучи Румениге.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×