На Островот
најавуваат дека Џо Харт би можел да дебитира во Премиерлигата во дресот на
Тотнем, и тоа против големиот градски ривал Арсенал во мечот кој е предвиден да
се одигра утре со почеток од 17,30 часот во рамките на 11 коло во
Премиерлигата.
Жозе Мурињо го
преферира Харт во Лига Европа за што се потврди и во текот на седмицата каде
поранешниот англиски репрезентативец бранеше на гостувањето кај Ласк во
Австрија (3-3), а сега би можел да застане на голот и против „Топчиите“.
Лорис претходно
патуваше со клубот во Лига Европа, каде сезонава запиша два настапи како
стартер во тоа натпреварување, меѓутоа не беше таква ситуацијата овој пат, а
клубот избегна да коментира дали станува збор за потенцијална промена на
голманската позиција во дербито со Арсенал.