Столе Димитриевски доби четири натпревари суспензија за навреда на судијата и зборот „макро“

by
0 минути читање

Столе
Димитриевски во средата предвреме беше испратен на ладење против Леганес, претера
со приговорите кон судијата па набрзина доби жолт и црвен картон.

Во записникот
стои дека Македонецот го користел зборот „
chulo“ кој во одредена конотација значи „макро“.

Дисциплинската
комисија денеска одлучуваше за казната, немаше милост за голманот и му изрече четири натпревари суспензија.

Тоа значи дека 2020
е завршена за Столе Димитриевски, тој ќе ги пропушти мечевите со Логроњес, Лас
Палмас, Жирона и Алкоркон. За очекување е да се врати на голот на Рајо на 10. јануари
и средбата со Мирандес.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×