Тотнем би можел
да го ангажира дефанзивецот на Интер, Милан Шкринијар уште во јануарскиот
преоден рок, доколку испратат понуда вредна 45 милиони фунти за Словакот,
известуваат во Италија.
Премиерлигашот
беа во преговори со Интер за ангажман на Шкринијар уште во летото, меѓутоа
преговорите завршија безуспешно откако не се постигна согласност помеѓу обете
страни околу висината на обештетувањето, со тоа што Пјеро Аусилио потоа наведе
дека Шкринијар не е на продажба.
Како и да е,
специјалистот за фудбалски трансфери, Фабрицио Романо тврди дека Спарси ќе
бидат во можност да го обезбедат потписот на Шкринијар доколку испратат свежа
понуда до Интер веднаш штом се отвори преодниот рок за трансфери, со тоа што
Италијанецот посочува дека на Интер му се потребни средства за рехабилитација
од кризата со пандемијата која силно удри во клубот на финансиски план.
Говорејќи на оваа
тема, Романо тврди дека Интер би прифатил околу 45 милиони фунти за Шкринијар,
а сега сето тоа е во рацете на Тотнем.