Реал Мадрид загуби над 100 милиони евра поради пандемијата

by
1 минути читање

Шпанскиот гигант
Реал Мадрид загуби повеќе од 100 милиони евра приходи поради пандемијата со
коронавирус, за што потврдија и од самиот клуб, а статистиката вели дека има
13% помалку приходи за сезоната 2019/20.

Претходната
сезона е затворена со добивка од 313.000 евра, а од Реал Мадрид за оваа сезона
2020/21 планира буџет од 617 милиони евра, што е за околу 300 милиони евра
помалку од тоа што се очекуваше без пандемијата.

Играчите од
првиот тим, тренерите и нивните стручни штабови во фудбалскиот и кошаркарски
клуб на Реал Мадрид волонтерски се согласија на пократки плати за 10% оваа
година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×