155
Аталанта синоќа
одигра 1-1 против Митјиланд, резултат кој на крајот и не беше толку лош откако
Ливерпул со 1-0 го совлада Ајакс. Сепак, „нероаѕурите“ не играат на потребното
ниво а медиумите од Италија пишуваат и за тензија помеѓу капитенот и тренерот.
Во текот на
првото полувреме, Џан Пјеро Гасперини побарал од Папу Гомез да напаѓа по
десната страна и да ја промени позицијата, но Аргентинецот категорично му порачал
„НЕ“ и одбил да ја послуша наредбата.
Двајцата потоа
имале дискусија во соблекувалната, а Гасперини покажал кој е главен и го
извадил Гомез од игра, па на стартот од вториот дел на теренот се појави Јосип
Иличиќ.