Постои голем
револт во Србија по разочарувачките резултати на фудбалски план, а секако на
удар се тамошните фудбалски власти кои сакаат брзо да се заборави неуспехот во
баражот за пласман на Европското првенство идната година.
Српските медиуми
известуваат дека првиот човек на тамошниот фудбал, Славиша Кокеза сака да
доведе големо име на селекторската позиција, а првичната идеја била Арсен
Венгер, поранешниот долгогодишен тренер на Арсенал, за што бил остварен и
контакт со Французинот, кој на крајот завршил безуспешно.
„На Кокеза му се
допадна идејата на еден од неговите соработници да биде ангажиран странец за
селектор, но инсистира на тоа да се доведе големо име што би донело до
воодушевување кај јавноста, а нема да се штеди во таа идеја“ вели извор за „Информер“.
„Венгер е во
својата 72 година, одамна помина низ сиот фудбалски врв, а по две години пауза
големо е прашањето дали воопшто би бил заинтересиран да се врати како тренер,
тој постојано имаше добри коментари за српските фудбалери и репрезентацијата,
знае дека имаме млад и перспективен тим, за кој верува дека има место на идниот
Мундијал, но љубезно ја одби понудата да не одведе во Катар“ додава
неименуваниот извор.