Клоп со детали за повредата на Алисон

by
1 минути читање

Бразилецот Алисон
Бекер нема да има можност за настап во дуелот против Вулверхемптон во недела во
Премиерлигата, а ќе го пропушти и дуелот со Митјиланд во Лигата на шампионите,
со што се укажува шанса за младиот Каомни Келехер кој синоќа имаше свои моменти
во минималниот триумф над Ајакс.

Говорејќи за
повредата на Алисон, шефот на стручниот штаб на Ливерпул, Јирген Клоп потврди
дека Бразилецот ќе отсуствува две седмици, меѓутоа останува дилемата дали
Келехер ќе биде прв избор во една ваква ситуација, или тоа сепак ќе биде
Адриан.

Не се работи за
коронавирус
“ рече Клоп запрашан за тоа зошто Алисон не беше во составот на
Ливерпул синоќа.

Алисон не
извести по мечот со Брајтон дека почувствувал болки во тетивата, тоа се случи
во 60 или 70 минута од мечот, не е толку сериозно, меѓутоа веројатно е дека ќе
отсуствува уште една седмица, ќе мораме да сочекаме, досега нема слушнато дека
фудбалерите можат да се рехабилитираат од ваква повреда за четири или пет
денови, сметам дека тоа ќе се среди за 10 или 14 денови
“ додаде Германецот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×