Интер оствари голема победа која го остава во игра за пласман во осминафиналето, италијанскиот тим ги освои трите бода, но малку фалеше да прокоцка водство од два разлика.
Интер со гол на Дармијан во 17. минута поведе со 1-0, пред самиот крај на првото полувреме Плеа го изедначи резултатот на 1-1.
Во вториот дел Лукаку даде два гола за водство на Интер од 3-1, но Плеа со погодок во 76. минута ја врати Борусија Менхенгладбах во игра намалувајќи на 3-2.
Седум минути подоцна Менхенгладбах постигна гол за изедначување, но погодокот беше поништен поради офсајд од играч кој се најде пред Хандановиќ, судијата одлучи дека му попречувал за да интервенира.
До крајот Интер го сочува водството и ќе има шанса во последното коло. Тие треба да го победат Шахтар на свој терен, а мечот меѓу Реал Мадрид и Борусија Менхенгладбах да не заврши нерешено.
Атлетико Мадрид од 26. минута со гол на Жоао Феликс имаше водство против Баерн Минхен кој уште од минатото коло се пласираше во осминафиналето.
Со триумф тимот на Симеоне ќе го завереше местото во нокаут фазата, но Милер изедначи со гол од пенал во 86. минута. Сега Атлетико Мадрид не смее да загуби на гостувањето во последното коло кај Салцбург.
Ливерпул со победа од 1-0 против Ајакс обезбеди место во следната фаза, Џонс во 58. минута го постигна единствениот гол по еден кикс на голманот Онана.
Аталанта одигра само 1-1 против Митјиланд и во последното коло ќе треба да остане непоразена на гостувањето кај Ајакс.
Немаше погодоци на дуелот меѓу Порто и Манчестер Сити, Марсеј со 2-1 го совлада Олимпијакос.