Шахтар уште еднаш го победи Реал Мадрид, кралскиот клуб е блиску до елиминација од ЛШ (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Реал Мадрид со победа уште вечерва ќе го завереше пласманот понатаму, но не само што не триумфираа, играчите на Зидан загубија од Шахтар со 2-0.

Реал Мадрид беше подобар во првото полувреме, имаа неколку добри шанси, еднаш ја погодија и стативата, но работите се променија во вториот дел.

Шахтар беше опасен од контра напади, имаа неколку такви шанси, а две искористија.

Во 57. минута Детињо погоди за водство од 1-0, а на осум минути пред крајот на мечо Соломон ги постави конечните 2-0.

Во последното коло Реал Мадрид ќе ја пречека екипата на Борусија Менхенгладбах, Кралевите сами ќе решаваат за својата судбина само доколку Интер не загуби вечерва во Германија.

Во другиот денешен меч кој се играше од 18:55 часот, Салцбург со 3-1 победи на гостувањето кај Локомотив Москва.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×