Осогово по 14 одиграни кола во новата сезона од Втората македонска лига, прави тренерска смена, Трјаче Сенев доаѓа на местото од Кирчо Горгиев.
„Искусниот 56 годишен стратег од денес е назначен за нов предводник на „жолто -сините“. Во својата досегашна кариера има работено во ПМФЛ како предводник на Брегалница Штип и Силекс, како и во ВМФЛ во екипите на Баби и Кит-Го.
Своето официјално деби Сенев ќе го има на мечот од 15-то коло против Победа кој на програмата е во сабота“, стои во соопштението на ГФК Осогово.
Претходно Кирчо Горгиев од морални причини поради лошите резултати си поднесе оставка.
„Јас како досегашен тренер на ГФК Осогово ја преземам одговорноста за досегашните резултати. Поднеснесувам оставка од позицијата шеф на стручен штаб. Благодарност до фудбалерите, управата, навивачите за досегашната поддршка. Од морални причини, овој потег е неизбежен, а на клубот кој ми е при срце и душа му посакаувам се најдобро и многу успех во продолжение од сезоната“, изјави Горгиев.
По 14 одиграни кола Осогово е на осмото место со 13 освоени бода.
Фото: ГФК Осогово