200
По крајот на мечот меѓу Беневенто и Јувентус, Мората се бунеше кон судијата Фабрицио Пасква за недосуден пенал, по што доби црвен картон.
Мората му рекол на судијата: „Ова е срамно, како можеше тоа да не го свирнеш пенал“.
Дисциплинската комисија при Серија А одлучи да го казни Мората со два меча суспензија.