Официјално: Стадионот на Наполи ќе се вика Диего Армандо Марадона

by
1 минути читање

Градоначалникот на Неапол, Луиџи де Магистрис става крај на сити дилеми околу тоа дали стадионот ќе се преименува по Марадона.

„Ги прочитав сите предлози, но одлучено е името да биде Стадион Диего Армандо Марадона“, изјави Де Магистрис за „Ил Месаџеро“.

„Постапката ќе биде колку што е можно побрза. Денеска веќе имав состанок со комисијата, во петокот се јавив во Општината и ќе го заклучиме процесот“.

„Верувам дека името ќе биде официјално до следнииот меч на Наполи“.

Марадона остави исклучително длабок траг во Наполи за кој настапуваше од 1984 до 1991 година, во тој период двапати ја освои Серија А, еднаш Купот на Италија, еднаш УЕФА Купот и еднаш Суперкупот на Италија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×