„Откако го потпиша новиот договор од 250.000 фунти неделно, Обамејанг престана да игра, не е истиот“

by
1 минути читање

Арсенал вложи голем напор за да потпише нов договор со Обамејанг, Артета успеа да го убеди напаѓачот да остане во клубот, тој доби плата од 250.000 фунти неделно, но сега е непрепознатлив.

Дарен Бент не смета како некои дека проблемот е тоа што не добива квалитетни топки од соиграчите, туку смета дека самиот Обамејанг не се залага доволно за да го одржи нивото.

„Арсенал не може да го извади најдоброто од Обамејанг, тој не игра воопшто добро. Знам дека тие ќе продолжат да зборуваат „не креираме доволно шанси за него“, но тој треба самиот да направи нешто повеќе“, вели Бент.

„Не може да ги обвинувате сите други бидејќи тој беше супер додека го потпиша договорот, а сега не е. Разбирам дека е потребна поголема креативност во нападот, но и тој самиот треба да направи нешто повеќе за тимот“.

„Кога ќе ги погледнете перфромансите на Обамејанг пред да го потпише договорот, тој трчаше по сите топки, ја следеше играта, одземаше топки. Луѓето не зборуваа за креативноста бидејќи тој тогаш даваше многу. Играше одлично и луѓето очекуваа тоа да продолжи“.

„Ја почна сезоната добро против Фулам, го потпиша тој договор и како да се изгуби малку“.

„Разбирам дека напаѓачите имаат моменти во кариерата кога не постигнуваат голови и самодовербата им се намалува, но и тогаш можете да пружите напор, да покажете залагање и мислам дека тие прашања во моментов треба да се постават“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×