293
Десетина минути траеше интервенцијата на теренот, по што Хименез со кислород беше префрлен во болница каде му беше извршена и хирушка интервенција на главата.
Тој сега е добар, закрепнува од повредата, уште некое време ќе биде во болница под медицински надзор, по што ќе биде пуштен дома.
Хименез им се заблагодари на сите за пораките со поддршка и изрази надеж дека наскоро ќе се врати на теренот.
„Ви благодарам на сите за пораките со поддршка. Ќе бидам под медицински надзор сега, но се надевам дека брзо ќе се вратам на теренот“, напиша Хименез на својот твитер профил.