185
Џек Вилшер кој во моментов е без клуб, смета дека Озил треба да игра во тимот на Артета, се сомнева дека има поголема причина за неговото отстранување, да беше до теренот тој сигурно ќе играше.
„Мислам дека Озил би бил одличен во овој тим на Арсенал. Би сакал да го видам Озиил да игра под водство на Артета, но јасно е дека тоа не се случува во моментов. Тој би можел да ја земе топката и да ги храни со асистенции Обамејанг и Лаказет“, вели Вилшер.
„Артета сака да игра со Озил. Тој е голем фудбалер. Штета, никој не знае зошто е тоа така, но сигурен сум дека еден ден причината ќе се дознае, се ќе излезе на виделина“.