Момент за историја, Фрапар ќе биде првата жена која ќе суди ЛШ

by
0 минути читање

36 годишната Стефани Фрапар доби шанса да се покаже во најелитното европско натпреварување, таа ќе биде првата жена која ќе суди во Лигата на шампиони и во среда ќе ја дели правдата на дуелот помеѓу Јувентус и Динамо Киев. 

Французинката во 2019 судеше на дуелот помеѓу Ливерпул и Челси во Суперкупот на Европа а дебитираше и во најсилното првенство на Франција и го судеше мечот помеѓу Амиен и Стразбур во Лига 1. 

Во октомври месец оваа година, Стефани Фрапар беше главен арбитар на дуелот помеѓу Лестер и Зорја во Лига Европа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×