Кавани се извини за постот на социјалните мрежи за кои може да добие суспензија

by
1 минути читање

По победата на Манчестер јунајтед над Саутемптон во која Кавани даде два гола и имаше асистенција, Уругваецот сподели стори од фан кој му честиташе за победата.

Сторито содржело „грасијас негрито“, па спорен е зборот „негрито“, Јужноамериканците тврдат дека во нивниот свет нема расистичко значење, но Англичаните не мислат така, па можно е Кавани да добие казна.

„Пораката која ја постирав по мечот во неделата беше за да му се заблагодарам на пријателот кој ми ја честиташе победата. Последната работа која сум сакал е да навредам некој. Јас сум комплетно против расизмот и веднаш ја избришав пораката кога ми објаснија дека тука може да се протолкува поинаку. Би сакал искрено да се извинам за тоа“, вели Кавани.

И Манчестер јунајтед му даде поддршка на својот напаѓач.

„Јасно е дека се работи за апсолутно недоразбирање во пораката на Кавани, и тој веднаш ја избриша кога беше информиран дека може да биде погрешно разбран. Единсон се извини. Манчестер јунајтед и сите наши фудбалери се потполно посветени во борбата против расизмот“, се вели во соопштението на Манчестер јунајтед.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×