Доколку биде прогласен за виновен, Квани може да добие три натпревари суспензија, која ФА може да му ја одреди за користење на дискриминирачки или расистички речник.
По победата над Саутемптон во која Квани постигна два гола и имаше асистенција, Кавани сподели стори од фан со зборовите „грасијас негрито!“, со кои навивачот сакал да му се заблагодари на Единсон за неговите перфроманси на Сент Мери.
Кавани брзо потоа го избришал постот. Тој на клубот му кажал дека во неговата земја и во цела Јужна Америка зборот „негрито“ се употребува во друг контекст.
Но ФА спроведе истрага, тие се строги кога се работи за дискриминирачка и расистичка содржина на социјалните мрежи. Минатата година Бернардо Силва од Манчестер Сити доби еден меч суспензија откако на шега преку социјалните мрежи го спореди неговиот соиграч Бенџамин Менди со цртан лик од шпанско чоколадо.
Во 2011 година, за време на меч меѓу Ливерпул и Манчестер јунајтед, Луис Суарез го нарече Партис Евра „негрито“ и ФА му изрече суспензија од дури осум меча. Напаѓачот се правдаше дека тоа не е расистички збор во неговата земја, но тоа не му помогна.