Мурињо е среќен затоа што неговите фудбалери не се среќни

by
1 минути читање

Тотнем одигра реми без голови на гостувањето кај Челси и се врати на врвот на табелата во Премиерлигата. Иако не е лесно ни да се дојде до бод на Стемфорд Бриџ, играчите на Тотнем биле незадоволни од резултатот, тоа го радува Мурињо.

„Од овој терен нормално е ремито да е позитивен резултат, и да се остане на врвот во Премиерлигата со овој резултат исто така е позитивно, но во мојата соблекувална не беа среќни“, вели Мурињо.

„Најдобрата работа од овој меч е тоа што ние не сме среќни. Тоа зборува дека менталитетот на овој тим е комплетно променет“.

„Ќе ми кажете дека немавме многу шанси и се сложувам со тоа. Но колку имаа тие“.

„Тоа беше меч во кои ние ги респектиравме нив, а тие не респектираа нас. Никој не се коцкаше. Никој не се обиде да го смени ритамот на натпреварот“.

„Во второто полувреме ја имавме најдобрата шанса каде бевме три на еден, но не дадовме гол“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×