166
Златан
Ибрахимовиќ е задолжен за пеналите во Милан, но Швеѓанецот сам се разреши од
должноста откако промаши три во низа.
Франк Кеси
денеска ја превзеде должноста против Фиорентина и погоди од 11 метри за 2-0.
Фудбалерот од средниот ред сепак не го реализираше вториот обид од белата точка и
пропушти да зголеми на 3-0.
Но покрај
ова промашување, Франк Кеси вели дека тој ќе го шутира следниот пенал.
„Првиот пенал го
погодив, вториот го промашив но ќе го шутирам третиот“ – рече Франк Кеси по
триумфот над Фиорентина.
„Слободно можете
да му кажете на Ибра“ – со насмевка на лицето му порача фудбалерот од БСК на
новинарот.