163
Резултатот го отвори Братвајт кој најдобро се снајде во една мешаница во 29. минута и ја смести топката во мрежата на гостите за 1-0.
На три минути пред крајот на првото полувреме Гризман со маестрален волеј постигна гол за предност на Барса и од 2-0.
Во 57. минута од мечот, Гризман асистираше до Кутињо кој постигна лесен гол за 3-0 и ги реши сите дилеми околу победникот.
Во 73. минута уште еден убав гол на мечот, овој пат во режија на Меси кој погоди од надвор од шеснаесет метри. Погодокот му го посвети на Марадона, облече дрес од Њувелс Олд Бојс и погледна кон небото.