Лидс првпат по 30 години победи на Гудисон Парк, 90 минути за Алиоски (ВИДЕО)

by
0 минути читање

Евертон последен пат од Лидс дома имаше загубено во август 1990 година, отогаш до денес имаа одиграно 13 меча против овој противник на свој терен и немаа пораз, но денеска заврши таа серија.

Натпреварот изобилуваше со шанси и на двете страни и штета е што беше постигнат само еден погодок.

Лидс повторно се покажа во одлично издание, а нашиот Алиоски полека се промовира како стандарден во првиот тим, и денеска го одигра целиот натпревар.

Клучниот момент се случи во 79. минута кога Рафиња погоди со удар од далечина за победа на Лидс од 1-0.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×