„24ФУДБАЛ СКАУТ ФАНТАЗИ“: Вистински момент за искористување на вајлд-картата, но и за Џејми Варди

by
10 минути читање

Со утревечерниот
меч помеѓу Кристал Палас и Њукасл започнува десетата рунда натпревари сезонава
во Премиерлигата, а неколкуте милиони натпреварувачи на Фантази ги прават
завршните корекции во своите тимови во обид да дојдат до што е можно повеќе
бодови.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad

Деветото коло
помина и повеќе од успешно за повеќето натпреварувачи, ако се земе во предвид
просекот на освоени бодови кои изнесуваше 55, а нашиот избор од претходното
коло донесе одлични 74 бодови, со тоа што Вилфред Заха поради зараза со
ковид-19 не настапи за Кристал Палас.

Претходната анализа: Голема шанса за Телес, но и дилема околу Бразилецот

Традиционално,
најпрво ќе се осврнеме на претходното коло, каде за капитен го препорачавме
Бруно Фернандеш кој иако промаши во првиот обид, сепак погоди во вториот во
ударот од белата точка за минимален триумф на Манчестер јунајтед против ВБА на
свој терен. Причината за повторениот пенал е поради тоа што Сем Џонстоун не
беше на предвидената линија од својот гол, а доколку Португалецот промешеше и
во вториот обид, тој и повеќе од веројатно е дека ќе добиеше нова прилика да
погоди бидејќи голманот на гостите и во таа прилика беше излезен од својата
дозволена зона.

Од останатите,
најмногу не радува изданието на Алекс Телес, големото засилување за Манчестер
јунајтед во новата сезона, а се покажа дека има доста квалитети во неговата
игра во противничката половина, дополнително тој ја презеде и улогата на
изведувач на корнерите, што е уште една можност за бодови од него.

Арон Кресвел
одигра одличен меч во гостинската минимална победа на Вест Хем кај Шефилд
Јунајтед, со тоа што освен што заработи клин шит, доби и дополнителен бонус за
своето издание, а идентично беше и со Бен Чилвел кој имаше одличен меч против
Њукасл во дресот на Челси со тоа што дефанзивната линија ја завршивме со
максимален учинок.

Во средниот ред
се покажа и докажа уште еднаш дека е навистина тешко без Бруно Фернандеш кого
го препорачавме за капитен, а потфрли Џек Грилиш кој беше индиспониран на
домашен терен во поразот на Астон Вила од Брајтон, за сивилото да биде
поголемо, репрезентативецот на „Гордиот албион“ заработи и жолт картон, Хаким
Зијеш иако еден од најкупуваните на колото, не стори ништо посебно во победата
на Челси кај Њукасл, а Вилфред Заха се зарази со ковид-19 и не беше во можност
да настапи кај Барнли.

Напаѓачот на
Евертон, Доминик Калверт-Луин продолжи со својата препознатлива форма па погоди
на два пати во победата кај Фулам, а Че Адамс покажа уште еднаш дека е
фудбалерот кој може да направи голема разлика со тоа што асистираше во ремито
на Саутемптон кај Вулверхемптон, а дека одигра одличен меч покажаа и двата бода
бонус на неговото конто.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad

Во последниот дел
од воведот во пресрет на селектирањето ќе направиме и приказ за моменталната
ситуација во поглед на трансферите, а нам веднаш ни паѓа на око тоа што во моментов
најкупуван фудбалер е Диого Жота кој го искористи отсуството на Мохамед Салах
поради зараза со ковид-19 и блесна против Лестер каде запиша гол, а мечот го
заврши со девет бода зад своето име, меѓутоа сега Египјанецот се враќа, а му
претстои одличен противник по мерка, па останува дилемата колку е логичен овој
потег, веројатно е поради фактот што Салах беше во голема мера продаван
периодот, па се работи за недостиг во буџетот.

Бруно Фернандеш
од Манчестер јунајтед е фудбалерот без кого и повеќе од веројатно е дека тешко
се постигнуваат поголема бројка на бодови, па тој е на второто место на оваа
листа, а за нас фудбалерот кој едноставно морате да го имате овој период е
Џејми Варди, кој со Лестер имаат и повеќе од импресивен распоред. Водечката
петорка на оваа листа ја заокружуваат Доминик Калверт-Луин од Евертон, односно
Џек Грилиш од Астон Вила.

Во однос на
листата на најпродавани, на првото место е Вилфред Заха од Кристал Палас,
поради веќе разбирливи причини, иако Рој Хоџсон, предводникот од клупата на тој
состав остави големи дилеми со својата изјава велејќи дека офанзивецот се
заразил на почетокот на минатата седмица, што доколку би добил негативен тест
во текот на денешниот ден, утре би имал можност да настапи против Њукасл.

Понатаму, Трент
Александер-Арнолд од Ливерпул, Роман Саис од Вулверхемптон, Мохамед Салах од
Ливерпул, како и Хамес Родригез од Евертон се најдоа на оваа листа.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad

Со оглед на
фактот што ќе препорачаме искористување на „вајлд-карта“ опцијата, за оние
секако кои досега не го искористиле тоа, ќе препорачаме состав за подолг рок,
како што тоа го сторивме најпрво пред самиот старт на сезоната, односно, ќе се
обидеме да направиме одреден баланс во тимот кој ќе го наведеме. Свесни сме дека повеќето веќе ја имаат искористено опцијата вајлд-карта, меѓутоа за оние трпеливите играчи, убедени сме дека токму ова беше вистинскиот тајминг за таа опција, со тоа што завршија репрезентативните обврски на фудбалерите.

Финалниот избор за првото коло во пресрет на стартот на новата сезона: Балансиран тим со можност за ротација по потреба 

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad

Доколку го
проследите распоредот, добро ќе воочите дека голманот на Лестер, Каспер Шмајхел
(5.5)
има одлични натпревари со противници по мерка во
периодот кој претстои,
па ви го препорачуваме токму него за голманската позиција. Лестер најпрво игра
против Фулам на домашен терен, потоа следи гостување кај Шефилд Јунајтед, па
одново дома со Брајтон, три кола кои се навистина привлечни за
натпреварувачите.

Како резервна
опција одличен би бил Алекс МекКартни (4.5) од Саутемптон, па и Сем Џонстоун (4.5)
од ВБА.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad

Жоао Кансело (5.5)
е доста привлечна опција, а за тоа говори и распоредот на Манчестер Сити кој за
волја на вистината не игра на своето препознатливо ниво сезонава, меѓутоа двата
меча во низа на домашен терен против екипи од калибарот на Барнли и Фулам можат
да дадат ветер во грб на составот на Пеп Гвардиола, а секако големи се
очекувањата и за клин-шит на овие два меча.

Иако се води како
неизвесен за претстојното коло, Брендон Роџерс навести дека Тимоти Кастањ (5.7)
е во одлична состојба да се врати од повредата токму за мечот со Фулам, па
доколку се остварат најавите, Белгиецот ќе биде навистина одлична опција за ова
коло.

Алекс Телес (5.5)
имаше одлично деби во Премиерлигата за Манчестер јунајтед во минималната победа
против ВБА на домашен терен, станува збор за доста офанзивен бек кој уште на
дебито ја презеде улогата на изведувач на прекините, викендов со „Црвените
ѓаволи“ го очекува гостување кај незгодниот Саутемптон.

Како резервни
опции имајте ги во предвид нашиот Езгјан Алиоски (4.4) од Лидс, па и Тарик
Мичел (4) кој прашање е на време кога повторно ќе се врати во стартниот состав
откако се соочи со повреда што му даде шанса на Патрик Ван Анхолт кој е на
излезна врата од Кристал Палас.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad

Мохамед Салах (12.2),
првата ѕвезда на Ливерпул се враќа во стројот откако претходно беше заразен со
ковид-19, а зарем би можело без Египјанецот на Фантази? Тешко, друго нема што
да се додаде за него. Инаку актуелниот првак викендов гостува кај Брајтон.

Бруно Фернандеш (10.8)
е повеќе од значаен фудбалер на Манчестер јунајтед, иако Португалецот веќе
станува сомнителен во однос на ударите од белата точка, сепак, едноставно е,
составот на Оле Гунар Солшер не може без неговата улога на теренот. Манчестер
јунајтед има солиден распоред, а претстојат две гостувања, најпрво кај
Саутемптон, а потоа и кај Вест Хем.

Нема дилеми во
тоа дека Манчестер Сити е очаен сезонава, дека е така доволно потврдуваат и
само петте постигнати погодоци во последните пет кола, меѓутоа ќе му ја укажеме
довербата на Фил Фоден (6.5) кој со оглед на распоредот пред себе може да
донесе одлична инвестиција, засега ќе го одбегнеме Кевин Де Брујне со оглед на
фактот што треба најпрво да се увериме дека Белгиецот ќе се врати во
посакуваниот ритам.

Логично е во
вашиот состав да додадете и некој од послабо рангираните во однос на цената, а
ние би ви го препорачале Томас Соучек (4.9) од Вест Хем, кого често можете да
го забележите на противничката половина во опасна прилика да постигне гол, па и
да асистира. Чехот е одлична опција за ротација по потреба.

Матеуш Клих (5.6)
е прв пеналџија во составот на Лидс, па најмногу од таа причина ќе го
препорачаме, а има и солиден распоред со што би можеле да ротирате по потреба,
инаку станува збор за втор фудбалер по освоени бодови сезонава во составот на
Марсело Биелса по Патрик Бамфорд.

Имајте го во
предвид Сон (9.5), ние засега го препорачуваме овој избор, со оглед на
одличниот распоред на Манчестер Сити, како и враќањето на Мохамед Салах во
составот на Ливерпул.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad

Тргнувајќи од
аспект на распоредот, не може а да не ви падне на око оној на Лестер, па секако
прв избор е првата ѕвезда на тој тим Џејми Варди (10.2), кој пред себе викендов
ќе ја има очајната одбрана на Фулам, за потоа да следи гостување кај очајниот
Шефилд Јунајтед, па одново пресметка на домашен терен, овој пат со Брајтон,
распоред со противници по мерка за Варди и Лестер кој е тешко да го изоставите.
Варди досега запиша осум погодоци, а реализираше и две асистенции.

Доминик
Калверт-Луин (7.9)
е најдобриот во составот на Евертон, и тука нема дилеми по
тоа прашање, а напаѓачот има и солиден распоред од два меча во низа со што би
можеле да ја направите потребната разлика во однос на останатите. Инаку Калверт-Луин
досега на девет натпревари постигна фантастичен учинок од десет погодоци, а
запиша и една асистенција.

Оли Воткинс профитираше многу од Џек Грилиш, а како евтин напаѓач од изборот, не е лошо да
се обидете со него откако досега постигна шест погодоци, а воедно е дел од
шесте напаѓачи со најмногу бодови на Фантази во моментов, меѓутоа оваа опција разгледајте ја дополнително.

Имајте го во
предвид и Патрик Бамфорд (6.1) кој може да продолжи со низата на постигнување
на погодоци во дресот на Лидс, меѓутоа многу работи зависат од тоа како ќе го
распределите буџетот, добра опција е воедно и Калум Вилсон (6.5) напаѓачот на
Њукасл.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad

Математички
пресметано, изборот кој го наведовме изнесува со генерална цена од 99.3, со тоа
што во буџетот ви преостануваат 0.3, нашиот совет е по користењето на
вајлд-картата идното коло да зачувате трансфер за да ги корегирате грешките,
доколку истите се појават при селекцијата.

КАПИТЕН НА КОЛОТО:
ЏЕЈМИ ВАРДИ

Заменик капитен:
Мохамед Салах

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad

На крајот ќе се
осврнеме на случувањата во однос на генералниот пласман во лигата на
Македонија, како и случувањата во лигата на „24фудбал“.

Во Македонија прв
на табелата е Мики Попоски со досега освоени 656 бода, имате можност да се
запознаете со неговиот избор од претходното коло.

Што се однесува
пак до лигата на „24фудбал“, таму лидер е Славе Гонев со досега освоени 634
бодови, имате можност да го проследите и неговиот избор.

Среќно на сите
натпреварувачи за претстојното коло и не заборавајте да се приклучите на лигата
на „24фудбал“, кодот е следен
: unckad

Можно е и ова да ти се допаѓа

×